×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Советот одобри да се дадат простории од месните заедници за пензионерски клубови

Јануари 29, 2024
Фото Здружение на пензионери Фото Здружение на пензионери

Мнозинството во општинскиот Советот го прифати барњето на Здружението на пензионери од Битола Општината да им отстапи на времено користење, без надоместок, дел од просториите на месните заедници за да се искористат како пензионерски клубови.

На Комисијата за финaнсии и буџет, претставникот од Општина Битола рече дека според Законот за користење и располагање на ствари во државна и општинска сопственост, недвижниот имот Општината може да ги даде само на државни органи и на правни лица основани од државата, а Здружението на пензионери има несоодветна правна форма.

По ова претседателката на Советот Габриела Илиевска од независната советничка група Поинаку, побара од општината да ѝ достават информација дали претходно им се издавал општински имот на други невладини организации.

„Идентични вакви одлуки се донесени во неколку општини меѓу кои и општината каде градоначалник е Александар Стојковски од ВМРО- ДПМНЕ, и во Центар каде градоначалникот е од СДСМ. Ако може да престанеме сè да делиме, еве стигнавме очигледно и пензионерите да ги делиме на СДСМ и ВМРО. Тие се луѓе кои живеат во овој град, имаат здружение со голем број членови и сметам дека треба да имаат такви простори. И не се коси со ниеден закон“, рече Илиевска.

Мнозинството во Советот го изгласа ваквиот предлог кој сега останува да биде потпишан од градоначалникот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани