АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во службата за Радиологија при Клиничката болница Битола започна да се изведува нова метода на дијагностика КОР БИОПСИЈА водена под ЕХО.
Ова е метода која досега се изведуваше само во клиниката во Скопје сега се изведува секој четврток и кај нас со закажување по мој термин. Дијагностичката метода ја изведува Др.Александар Димовски специјлист рендгенолог од Клиниката во Битола.Со ова ќе се намали чекањето, губењето време за одење во Скопје, а сигурни сме дека нашите пациенти ќе бидат задоволни и превентивно згрижени со изведување на оваа метода во Битола како и успешно лекувани, велат од Клиничката болница -Битола.