Паркингот во Клиничката болница- Битола започна со работа –наплатата раководена од страна на Клиниката

Април 01, 2019

Паркингот во Клиничка болница Битола започна со работа -наплата раководена конечно од страна на Клиниката. Сакаме да ги информираме нашите пациенти корисници дека првите 15 минути од паркирањето се бесплатни , 2 часа -30 денари и секој нареден час се наплатува +30 денари. За секоја загубена паркинг картица се наплатува 500 денари.Во недела влезот е слободен.Во тек е тендер за набавка на автоматска централа за самонаплата со што паркингот ќе работи 24 часа.Сакаме  уште да напоменaме дека во тек е уредување на клиничкиот двор и за многу брзо време ќе се започне со поставување на бехатон плочки, а дел ќе се асфалтира така што  ќе добиеме паркинг и клинички двор како што прилега на Битолската клиника, велат во соопштението од Клиничката болница Битола.

bol 3

bol 4

bol 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани