АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамките на проектот за реставрација и адаптација на Офицерскиот дом, во салата на Општина Битола се одржа презентација за идејните решенија за неговата функционална употреба. Решенијата произлегоа од претходно одржаниот состанок на претставници на културните институции, мислењата на стручните лица, како и мислењето на граѓаните искажано преку платформата Урбан дијалог, soop[tija od Op[tina Bitola.
„Сублиматот беше претставен пред градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, како и пред дел од општинската администрација надлежна за реализацијата на проектот и неговата натамошна намена. Се конкретизираа одредени намени на објектот и неговата околина, во однос на функционалноста и одржливоста, кои понатаму ќе се доработуваат и преку проектната документација ќе бидат доставени до Светска банка и делегацијата на ЕУ“, стои во соопштението од Општината.