Ќе се изготвува социјална карта на пензионерите, а ќе донираат и средства за ОУ„Гоце Делчев“

Јуни 26, 2020

Одлуката за изготвување на социјална карта на пензионерите, членови на Здружението на пензионери, беше централна точка на денешната 21 седница на Ивршниот одбор на Здружението со која раководеше претседателот Томе Димитровски.

Со оваа одлука се определуваат начинот и условите за спроведување на постапката за изготвување на социјална карта за што ќе бидат анагажирани пензионери волонтери. Со проектот треба да се овозможи прибирање, внесување, обработка и чување на податоците за реалната состојба на пензионерите од областа нанивниот социјалне статус, висината на пензијата, другите материјални средства на пензионерите, домувањето и условите во кои живеат, како и здравствената состојба. Собраните податоци ќе бидат во функција за збирно пратење на состојбите со пензионерската популација. 

На седницата  беше одлучено да се донираат хуманитарни средства за санација на ОУ „Гоце Делчев“ во Битола, како и за учество со финансиски средства за санација на одводната санитарија во зградата каде се просториите на Здружението на пензионери. Претседателот на Извршниот одбор Томе Димитровски информираше и за доставувањето на огревните дрва на оние пензионери кои ги имаат подмирено средствата за нив. penzi2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани