Здружението на пензионери подготвува социјална карта за членовите

Јули 12, 2020

Во тек се подготовките за изготвување на социјална карта за пензионерите-членови на Здружението на пензионери од Битола. Ваквите активности беа една од темите на Деветтата редовна седница на Здружението. Со неа претседаваше претседателот на собранието Крсте Белевски, а присуствуваа претседателите на ограноците на Здружението на пензионери од Битола, Новаци и Могила.

 

„Изготвување на социјална карта за пензионерите ќе послужи за запознавање со социјалната карта на секој пензионер од општините Битола, Новаци и Могила. Со таа социјална карта ќе може Зружението веднаш да ја запознае домашната и семејна состојбата на секој пензионер, во однос на неговата социјална и здравствена состојба. Ова треба да го завршиме што побрзо со цел да имаме банка на податоци за да можеме секој момент да знаеме повеќе податоци за пензионерот со цел да им помогнеме“, изјави Томе Димитровски претседател на Здружението на пензионери од Битола.

Акцијата на терен ќе се спроведе месец дена откако ќе завршат изборите.пен 2

(Фото ТВ Тера)

„Ги повикувам сите пензионери да се вклучат во оваа акција, да ги дадат своите податоци на анкетниот лист. Анкетата ќе ја спроведуваат анкетари-пензионери со беџ од Здружението на пензионери“, рече Димитровски.


На редовната седница пензионерите беа запознаени и со шестмесечното работење на Здружението, за периодот од почетокот на годината до 30 јуни. Пензионерите беа информирани и за набавката на огревно дрво, кое како што рече Димитровски, треба да го добијат до крајот на септември.

Во пресрет на изборите, Димитровски ги повика пензионерите во среда да го остварат своето право на глас.


Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани