„Водовод“ со апел до жителите на Алинци, да не се оштетува главната водоводна цевка, сторителот да се пријави

Август 01, 2020

 

ЈКП „Водовод“ Битола апелира до жителите на селото Алинци да го пријават сторителот или сторителите кои во изминатите денови намерно ја оштетуваат цевката за вода која поминува кај мостот за селото Алинци која го снабдува ова населено место и околните села со чиста вода за пиење. Оштетувањето на цевката ќе биде причина жителите од овие места  подолг период да останат без водоснабдување. Во изминатите денови несовесни сторители во неколку наврати ја издупиле со  остар предмет цевката со намера да ги наводнуваат нивите. Токму затоа од ЈКП „Водовод“ Битола апелираат до мештаните да  пријават доколку забележат кој  од нивните соселани го  предизвикува проблемот за што и полициски службеници ќе вршат засилени контроли. Од претпријатието велат дека имаат сознанија кој го предизвикува проблемот.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани