Пензионерите расправаа за состојбите со старските домови и клубови

Декември 09, 2021

На денешната седница на Извршниот одбот со која раководеше прeтседателката Даница Петличкова беа разгледани тековни прашања од работата на Здружението на пензионери од Битола. Исто така беше разгледана и информацијата за   состојбата во која се наоѓаат старските домови во сите Општини каде постојат такви објекти, а се во сопственост на Фондот за ПИОМ и на Р С. Македонија ,што неодамна беше предмет на расправа во Сојузот на здружениета на пензинери на Р С.Македонија.

Сите здуженија се договорија да се достави извештај и барање до Владата и Фондот за ПИОМ со цел оние домови кои пропаѓаат да се оспособат и вратат на Здруженијата на пензионери. Факт е дека многу стари лица имаат потреба од сместување, а не се во можност да плаќаат големи финансиски средства во приватни домови. Па, тука се отвора можност за заедничко дејствување на Сојузот на здруженијата на пензионери.на РСМ и другите здруженија.

На денешната седница исто така се расправаше за добивање простор во месните заедници на користење од страна на Општината за отворање на клубови на пензионерите. Опремувањето на клубовите со потребниот инвентар ќе биде обврска на Здружението на пензионери- Битола. За таа цел неодамна Даница Пеличкова и претседателот на Собранието на Здружението на пензионери Крсте Белевски имаа средба со градоначалникот Тони Коњановски каде се разгледувше можноста, онаму каде постојат услови, дел од тие простории на месните заедници да се доделат на користење на пензионерите.

пензионери 4.

пензионери 2

пензионери 3

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани