Полноводие во водотеците на Пелистер, Лак Поток и Црвена Река од кои Јавното претпријатие „Водовод“ црпи вода, соопштија надлежните. Водата надојде со обилните дождови кои врнат деновиве и засега позитивно влијае во однос на сушниот период од претходно.

Поради дефект на водоводна цевка, околу која има кабел за електрична енергија, непристапност до истиот, а неопхопдна е и дополнителна интервенција од друга компанија како и добра видливост, има прекин во водоснабдувањето на улиците околу паркот кај ОУ „Стив Наумов“, Цар Самоил и Пецо Божиновски.
ЈКП "Водовод" им се извинува на граѓаните од засегнатите подрачја. Екипите на ЈКП "Водовод" во раните утрински часови ќе работат на санација на дефектот и брзо нормализирање на водоснабдувањето.

Страница 1 од 6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани