2win800x200

СДСМ Битола-ДПМНЕ и Коњановски во операција за незаконска смена на директорите на училиштата и градинките по секоја цена

Февруари 25, 2022

Битолскиот огранок на ДПМНЕ и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски реализираат операција за незаконска смена на директорите на училиштата и градинките по секоја цена.

Срамни и бедни се обвинувањата што се упатуваат на адреса на директорите на установите кои ги препородија основните и средните училишта во градот, како и детските градинки, а кои имаат единствена цел – да послужат како алиби за нивните разрешувања на кои деноноќно работи ДПМНЕ. Сеуште се свежи сеќавањата и сликите од состојбите во образованието и детската заштита во Битола во 2017 година наспроти условите во 2021 година. Не ги потценувајте граѓаните, кога веќе го потценувате и омаловажувате трудот на директорите на установите кои реновираа, реконструираа, градеа и домаќински работеа.

Која е целта на овој поход на ДПМНЕ за незаконска промена на членови на училишни одбори ако не на крајот промена и на директорите? Зошто Коњановски и ДПМНЕ имаат потреба од незаконска промена на директори кои успешно работат? Ќе ги враќа ли ДПМНЕ училиштата во годините кога немаа креди, основни хигиенски услови, нагледни средства, греење? Или ќе задоволува партиски обврски кон свои членови и ќе ги претвори училиштата и градинките во партиски дувла на начинот на кој само ДПМНЕ знае?

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на првиот ден од неговото назначување  убедуваше дека ќе има континуитет во работењето на локалната самоуправа, институциите и установите, но се поочигледно е дека тоа негово тврдење ќе се изјалови под притисок на партиските наредби. Во духот на отвореноста и транспарентноста во која се колне Коњановски, нека излезе пред битолската јавност и јасно нека каже дека сите директори, без разлика на успешноста во работењето, ќе бидат променети оти не се од ДПМНЕ. Валкање на нивниот углед и достигнувања не доликува на град како Битола, дури и кога е раководен од ДПМНЕ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани