2win800x200

Отворена дневна болница во хосписот „Сју Рајдер“, средства обезбедени во мандатот на Петровска

Март 02, 2022

Отворена е дневна болница заедно со специјалистичко- консултативна и  интернистичка амбуланта во хосписот „Сју Рајдер“ во Битола. Од сега ќе може и надворешни пациенти преку упат од матичен лекар и Мој термин да ги користат здравствените услуги во дневната болница. Таа е смесетан во дел од утановата кој не се користел подолго време, а средствата за реновирање биле обезбедени како донација за време на мандатот на поранешната градоначаничка Наташа Петровска.274796508 235738175351160 4934074003568604422 n

„Инвестициите се благодарение на Наташа Петровска која за време на нејзиниот мандат ни донира средства од 10 000 евра за реконструкција на постечката просторија во дневна болница која се состои од 6 кревети, соба за мониторирање и интервенција каде пациентите се одделени од стационарниот дел и за нив ќе се погрижи посебен тим. Мебелот и останатата опрема се  америчка донација“, рече Салија Љатиф Петрушовска, директорка на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „11 Ноември“ во Скопје, во чиј склоп работи Хосписот.274832741 351219330344482 1836319681150756490 n

Планирано е до крајот на годината да се отвори и специјалистички кабинет по физикална терапија и биохемиска лабораторија, а од в година и невролошкиот кабинет.

„Во овие хоспис центри се лекуваат и згрижуваат пациенти на кои им требаат дологотрајна грижа, и посебо во овој период на ковид пандемија нивното лекување и прегледи е доста отежнато кога треба да се префрлуваат од стационарниот дел во болниците и останатите здравствени установи. Па не само за надворешните, ова е олеснување и за пациентите кои тука се згрижени. Најавата за отворање на други специјалистички амбуланти ќе го подигне нивото на здравствена заштита и на квалитетот на престојот на пациентите“, рече заменик министерот за здравство Владимир Рендевски.274846741 3176520749292190 2948019218143580425 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани