2win800x200

ЕСМ додели 5 нови стипендии за студентите на Технички факултет Битола (ВИДЕО)

Март 07, 2022

АД ЕСМ додели 5 нови стипендии на студенти од Техничкиот факултет во Битола, во рамките на својата програма за стипендирање студенти од  техничките науки, електротехниката и информациските технологии.

-Техничкиот факултет е наш значаен партнер и ние продолжуваме да ги стипендираме најдобрите студенти од оваа високообразовна институција. За оваа година имаме 5 студенти, со што вкупно оваа година стипендираме 25 до 30 студенти, не само на Битолскиот Универзитет, туку и на Скопскиот, Штипскиот и Тетовскиот. Стипендирањето на овие студенти значи дека инвестираме во нашата иднина, затоа што нашата компанија АД ЕСМ, РЕК Битола и останатите енергестки капацитети во државата имаат потреба од вакви кадри, поради стабилноста, развојот на електроенергесткиот систем. До минатата година стипендиите беа во висина од 60 илјади денари, а годинава се 80 илјади денари годишно за еден студент. Со ова ги мотивираме младите студенти да останат дома, да помогнат во развојот на економијата, но и на енергетиката, рече Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.

Нема достапен опис

Со овие нови 5 стипендии до сега АД ЕСМ има доделено над 20 стипендии за студенти на Техничкиот факултет во Битола

-Ова е поттик за студентите да постигнуваат што подобри резултати и да добиваат вакви стипендии, што е добра сума за нивниот буџет. Ова е исто така поттик и за матурантите да се запипшуваат на нашиот факултет затоа што инженерските струки се барани на пазарот на трудот. Условот за да добијат вакви стипендии е студентот во прва година да има просек 8 и овој просек да го задржат во понатамошното студирање, рече Стојанче Нусев, декан на Технички факултет Битола.

Нема достапен опис

Директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски изрази надеж дека стипендистите ќе ја градат својата кариера токму во РЕК Битола каде нивното стручно образование ќе се искористи во развојот на комбинатото, особено во иднината во која претстои значаен предизвик, а тоа е енергетската трансформација на РЕК Битола.

Деканот на Техничкиот факултет-Битола, Стојанче Нусев, изјави дека инженерските студии се се  повеќе барани во стопанството и оти смета дека стипендирањето уште повеќе ќе го зголеми интересот на младите за запишување на технички факултети.

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани