2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ВМРО-ДПМНЕ ветува нови инвестиции во училиштата, СДСМ ги обвини за лицемерие

Октомври 02, 2017

Во изборната кампања за претстојните локлани избори, ВМРО-ДПМНЕ во Битола, најавува нови инвестиции во битолските основни и средни училишта, но не ги споменуваат долговите во кои со години тонат училиштата, ниту блокираните сметки. од СДСМ велат дека се што донесоа до работ на пропаст, во кампањата ветуваат дека ќе го поправат. 

На прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека  во изминатиот период преку низа проекти,  инвестирале во подбрување на условите за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес, а со инвестиции ќе продолжат и во наредниот период.

-Локалната самоуправа, во соработка со Владата на Република Македонија, реализираше проекти за реконструкција на повеќе објекти, изградба на нови објекти и училишни спортски сали во средните училишта, изградба на повеќенаменски игралишта, опремување на училиштата со дидактички материјали и бројни други проекти. Продолжувајќи го ваквиот континуитет, локалната самоуправа, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и во следниот период продолжува со инвестиции во образованието со посебен фокус на следните проекти: реконструкција на средни и основни училишта и подигнување на енергетската ефикасност на училишните згради и тоа промена на дограмата и замена со нова ПВЦ-дограма, санација на греење, санација на под, санација на санитарни јазли, изјави Викторија Христовска, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак велат дека е лицемерно  ВМРО-ДПМНЕ да ветува реконструкција на училиштата кои тие ги оставија во енормни долгови.

-Очигледно им стана навика се она што во нивното владеење го донелеа на работ на пропаст, за време на кампања да ветуваат дека ќе го поправат. Нивното неодговорно и недомаќинско работење доведе до тоа повеќе од 10 училишта да останат со блокирани сметки. Вкупниот долг на училиштата на почетокот од 2017 изнесуваше фрапантни 107 милиони денари или 1,7 милиони евра. Тоа е правото лице на ВМРО-ДПМНЕ. Презадолжени училишта и еден куп соменителни тендери, меѓу кои и најскапиот превоз за ученици за кој има и обвинителни акт: Транспортер1 и Транспортер2, изјави Борче Корлевски, портпарол на ОО на СДСМ.

Во случајот на СЈО „Транспортер“,  градоначалникот Владимир Талески и уште 20 лица, секретарот на  општина Битола, директори на училишта и сопственици на превознички фирми, се обвинети дека со скапиот училиштен превоз го оштетиле општинскиот буџет за 360 илјади евра. Во случајот„ Транспортер 2“  на ОЈО, пак, градоначалникот Талески и уште петмина вработени во општината се сомничат за кривични дела „злоупотреба на службата“ и „несовесно работење“, затоа што го оштетиле општинскиот буџет за 4 милиони денари, односно не поништиле тендер со повисоки цени од реалните.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани