2win800x200

Десет милиони евра инвестиција за ремонт на блоковите во РЕК Битола

Мај 22, 2018

Зголемено производство на електрична енергија во најголемиот производител на струја во државата, РЕК Битола,  и стабилен електроенергетски систем најавија денеска од Државните електрани. Од таму велат дека на 10 мај започна капитален ремонт на првиот блок во РЕК, а во наредниот период ќе следат и ремонтни активности на останатите два блока. За ова АД ЕЛЕМ ќе инвестира 10 милиони евра, што заедно со 280 илјади тони јаглен на депонија, ќе обезбеди стабилна грејна сезона.

-Во изминатите неколку години од претходното раководство на РЕК Битола не беа завршени ремонтните активности. Затоа оваа година почнавме капитален ремонт на блок 1 и ремонтни активности на блок 2 и блок 3. Сакаме да бидеме комплетно подготвени и сите три блока да бидат во функција на почетокот на месец октомври и да се истера грејната сезона онака како што треба да биде, стабила, изјави Васко Ковачевски, диркетор на РЕК Битола, кој рече дека во изминатиот период се преземени повеќе активности за заштита на животната средина, вклучително и отпепелувањето, за што најави повеќе информации во наредниот период.

На денешната средба со новинарите, по повод 34 годишнината од пуштањето во употреба на вториот блок во РЕК Битола, на двајца вработени со најдолг стаж во комбинатот, Стојан Ристевски и Љупчо Василевски им беа врачени благодарници и плакети

-На 24 мај во 1984 година за првпат се произведени и пуштени во електроенергетскиот систем првите киловатчасови електрична енергија од Блок 2. Сакам да се заблагодарам на сите вработени во РЕК Битола и АД ЕЛЕМ за се она што го вложиле, своето знаење и искуство за да изградата еден таков столб во енергетиката во РМ. Од пуштањето во употреба до денес овој блок има произведено 43 770 гигаватчасови или просечна 6 годишна потрошувачка на електрична енергија во РМ. Со сегашните цени на електрична енергија од 41 евро, вкупниот приход направен од ова производство е 1,8 милијарди евра, рече генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски.

Тој најави понатамошни инвестиции,   модернизација на РЕК Осломеј, инвестиции во обновливи извори на електрична енергија, реализација на предвидените проекти Чебрен и Галиште, што во иднина ќе обезбеди стабилен енергетски систем

2

1

rek 7

rek5

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани