2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Општината со најава-Од утре почнува реконструкцијата на мостот кај Безистенот

Март 31, 2022
После четири месеци од почетокот на долгите административни процедури поминати низ државните институции, Општина Битола ја обезбеди потребната документација за реконструкција на Мостот кај Безистенот.
Веднаш по преземањето на функцијата од страна на градоначалникот и согледувањето на состојбата на Мостот на 11 ноември, општината ја започна постапката за добивање на потребните мислења, согласности и одобренија, која ги помина следните фази:
16.11.2021 Побарано е мислење од Градежниот факултет за состојбата на мостот
17.11.2021 Барање од Општина Битола до Управата за заштита на културно наследство
30.11.2021 Барање на мислење до Бирото за јавни набавки за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас
01.12.2021 Писмо од Управа за заштита на културно наследство до Завод и музеј за заштитно конзерваторски услови
02.12.2021 Одговор од Бирото за јавни набавки за одобрување на постапката од крајна итност
14.12.2021 Потпишан договор со изработувачот на проектната документација и изработувач на реконструкцијата на мостот
16.12.2021 Добиени заштитно конзерваторски услови од Управата за заштита на културно наследство
17.12.2021 Вовед во работа од страна на Општина Битола – прва фаза проектирање
09.02.2022 Добиено известување од Управата конзерваторскиот проект да се дополни со статичка пресметка
14.02.2022 Добиен ревидиран градежно конструктивен проект
18.02.2022 Доставено побараното дополнување до Управата
18.02.2022 Добиено мислење од ИЗИС
25.02.2022 Добиено конзерваторско мислење од Управата за заштита на културно наследство
18.02.2022 Побарана водостопанска согласност од Министерство за животна средина и просторно планирање
16.02.2022 Склучен договор за надзор над реконструкцијата
22.03.2022 Добиена водостопанска согласност од Министерство за животна средина и просторно планирање
23.03.2022 Поднесено барање до Министерство за транспорт и врски
29.03.2022 Добиени забелешки од Министерството за транспорт и врски
30.03.2022 Постапено по забелешките од страна на Општина Битола
30.03.2022 Добиена потврда за заверка на проектна документација од страна на Министерството за транспорт и врски
После конечното добивање на согласностите од државните институции, Општина Битола со градежни активности започнува од утре.
Согласно склучениот договор за проектирање и изведба, првата фаза проектирање е завршена во рок од 15 дена, а за втората фаза остануваат уште 20 работни дена да се завршат сите градежни активности, по што ќе следува период за постигнување на потребната цврстина на бетонот од 28 дена, пробно товарење на мостот и пуштање во употреба.
Со ваквата динамика, општината планира да ги заврши сите активности до крајот на мај.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани