2win800x200

Општина Битола и „Комуналец“ ќе го уредат студентскиот парк кај Факултетот за информатички и комуникациски технологии

Април 12, 2022
Денес, започнаа активностите со кои општината, заедно со јавното претпријатие „Комуналец“, ќе изврши уредување на просторот кај Факултетот за информатички и комуникациски технологии. Иницијативата за „Студентски парк“ во Битола, произлегува од студентите, а се реализира како резултат на соработката меѓу Општина Битола и Универзитетот „Свети Климент Охридски“.
Градоначалникот Тони Коњановски, претседателката на Советот Габриела Илиевска и ректорот Сашо Коруновски, за време на почетокот на активностите информираа дека, со денешната работа на терен, активностите предвидени со потпишаниот меморандум за соработка, почнуваат да се реализираат како конкретни проекти.
На прес конференција, претставниците на општината и универзитетот, најавија уште еден проект кој ќе се реализира за време на летните месеци, а со кој на студентите ќе им се овозможи практиканство во општината и јавните претпријатија. Со ваквата соработка, институциите ќе добијат дополнителна поддршка во тековната работа, а студентите ќе имаат можност да стекнат нови знаења и дополнително стручно да се усовршуваат.
Можно е да е слика од 9 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 3 луѓе, дрво и надвор
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани