2win800x200

Милевски горд-За првпат до Битола ќе стигне и модерен автопат

Април 12, 2022
Владата го трасира патот за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во С. Македонија, автопатот Кичево-Гостивар и Битола-Прилеп, објави министерот за локлана самоуправа Горан Милевски. Автопатот Битола-Прилеп ќе биде во должина од 39,5 км. Милевски вели дека ова е за првпат Битола и Прилеп да бидат поврзани со современ автопат. 
- Наскоро! Остваруваме еден сон на Битола. Повторно ќе стане центар на случувањата. Проект по проект, највува министерот Милевски.
 
Денес  се одржа првата седница на Комитетот за преговори, за склучување на Договор за градење на Коридорoт 8 и Коридорот 10D.
 
-На денешната седница на Комитетот која ја води првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, ги усвоивме следните заклучоци:
-се задолжува Министерството за финансии во рок од една недела да номинира членови на тимот за експропријација;
-се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта во рок од една недела да предложи 5 члена на тимот кој ќе преговара со стратешкиот партнер, компанијата Бехтел Енка и
-се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта во рок од една недела да номинира членови на тимот на проектната единица.
- ️Оваа година започнуваме со градба!
- За прв пат до Битола ќе стигне и модерен автопат, за што сум особено горд, напиша Милевски на ФБ. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани