2win800x200

Револт на пазарџии од паркингот кај Новиот пазар-не дислоцираат а не ни овозможуваат услови за работа

Април 29, 2022

Земјоделци од Битола кои имаат сопствено производство на земјоделски култури и кои години наназад продаваат на паркингот зад Новиот градски пазар во Битола, денеска револтирани се собраа во општинскиот двор и побараа одговор од локалната власт зошто ги отстрануваат од паркингот. Револтот е голем велат пазарџиите затоа што веста ја дознале денеска од вработени во ЈП Пазари кои им кажале дека ќе им наплатат за еден ден бидејќи од 1 мај тезгите од паркингот ќе бидат дислоцирани. За проблемот вечерва се дискутира на седницата на Совет која е во тек. Со одука на Советото на општина Битола од 2014 година паркингот зад Новиот градски пазар се користи за продавање на земјоделски производи, а од мај таму редовно се продава овоје и зеленчик од камиони, а наесен винско грозје.   

-Сакаат да ги дислоцираат тезгите од паркингот на Новиот градски пазар во Нова Битола. Тоа го разбравме денска, без никаква најава денска ни наплатија за продавање за еден ден а не од вторник до петок како вообичаено. Веста што не погоди е тоа што ЈП Пазари сака да не дислоцира во внатрешноста на пазарот, а таму нема услови за продавање. Вода кога има, кога нема, тоалетите се во многу лоша состојба, а што е најстрашно е што во внатрешноста на пазарот има влез а нема излез. Еден да влези да носи роба, другиот да паркира додека чека ќе се направаи проблем, затоа ние бараме услови, а не преку ноќ од паркингот сакаа да не тргнат и да направат паркинг за автомобили. Затоа апелираме ако сакаат да не дислоцираат нека ни овозможат услови, вели Гоце Димовски, земјоделец од Битола кој на паркингот години назад продава мед и овошје..  

 Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани