2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

In Memoriam: Почина примариус д-р Димитар Котевски

Јуни 02, 2018

Денес во 92-та година од животот почина примариус д-р Димитар Котевски. Погребот ќе биде утре (недела - 03.06) во 13:00 на Светонеделските гробишта. Останките ќе бидат изложени од 9:00 во црквата Свети Димитрија.

Примариус д-р Димитар Котевски е роден 26.10.1926 година во Битола. Медицинскиот факултет го завршил во Белград, а специјализацијата во Загреб. Докторската дисертација ја бранел во Загреб на загребското Свеучилиште.


Угледни граѓани, афирмиран научник, познат и признат општвено политички деец. Тој поседува високи идеали, добродетелство и морални квалитети и со тоа се запиша во историјата на својот град.


Примариус д-р Димитар Котевски беше визионер кој со својата долгогодишна и упорна ангажираност ги постави темелите на идното здравство во Битола кое го реформираше.


Со неговата должност како прв директор на Медицински центар, гледаше во иднината и реализацијата на планираното и несебично се вградуваше во остварениот напредок.


Од формирање на Друштвото за наука и уметност, формирање на очното одделение, едукација на лекарскиот кадар, како повеќегодишен директор во изградба и опремување на новата болница, формирање на нови специјалистички одделенија во медицинскиот центар ,,Д-р Трифун Пановски”, како основа за идната клиничка болница.


Тој е прв доктор по медицински науки во Битола. Еден од малкумина научни ентузијасти и како научник еден од најзаслужните кои во 1960 година го формираа ДНУ-МНД (Друштво за наука и уметност – Македонско научно друштво) Битола и негов повеќегодишен претседател. Поради неговиот придонес беше избран  за доживотен почесен претседател на Македонското научно друштво.


Несомнено, големи се неговите заслуги за формирањето на Универзитетот,,Св.Климент Охридски” – Битола, посебно неговите заложби да се формира Вишата медицинска школа, а основач, организатор и претседател на матичната комисија за формираење на оваа  институција  е д-р Котевски. Ваква Установа во тоа време немаше на пошироките балкански простори, од Белград до Битола.


Автор е на голем број научни трудови од областа на здравството (офталмологијата) кои беа презентирани на европски и светски конгреси.


Заради заслуги на полето на офталмологијата и придонес во развојот на офталмолошките здруженија на офталмолозите, го прогласија за почесен член. Исто така и од страна на Сојузот на слепи лица на Република Македонија, за придонес во борбата против слепилото, е прогласен за почесен член.


Неговото дело со крупни букви е запишано во летописот на научно-културната и здравствена историја на Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани