АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со дел од општинската администрација, денес имаше работен состанок со претставници на проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
Со денешниот состанок, започнуваат активностите со кои се очекува значителен напредок во повеќе области кои се во надлежност на локалната самоуправа.
Како дел од денешните активности, беше спроведенаанализа на капацитетот на само-одржливост на општината, преку користење на алатка за самооценување на капацитетите на општинскатаадминистрација за управување: со планирање и прибирање на општински извори наприходи, управување со јавните финансии, планирање и извршување на буџетот, фискалната транспарентност и отчетност и други.
На средбата, заеднички беа идентификуванипотенцијалните области за поддршка, за што, ќе бидат изготвени сет од конкретни мерки со цел зголемување на ефикасноста на општината вообластите каде е потребно подобрување на состојбите.