2win800x200

Општина Битола потврди - Ќе поставува камери за да ги заштити новите спортски терен кај ООУ„Елпида Караманди“

Август 07, 2024
нови спортски терени нови спортски терени

По бурните реакции во јавноста Општина Битола најавува поставување камери на спортските терени во ООУ „Елпида Карамади“ Битола.

Општината ја почна постапката за набавка на видео надзор и во иднина секое дивеење на новите спортски терен ќе се снима. Снимките ќе се користат за евентуално сторено кривично или прекршочно дело, нарушување на јавен ред и мир, или кршење на друга спортска или урбана опрема.

Битолчани на социјалните мрежи сметаа дека само со казни за сторителите може да се зачува општинскиот или државниот имот.  

4a60d923 64f4 4595 984b 337c29a5dbd2

 

По веста и објавените фотографии дека на новите терени за спорт во ООУ „Елпида Караманди“ се дивее, се крши, се валка и расфрла смет и во целина несовесно се користат спортските терени  и опрема, Општина Битола за „АПЛА„ потврдува дека покрај чуварската служба, на терените ќе се поставуваат и камери.

„Општина Битола е веќе во постапка заедно со ООУ ‘Елпида Караманди’ за набавка на систем за видео надзор кој ќе се постави за надзор на спортските игралиште во ова училиште. Исто така училиштето има чуварска служба секој ден до 22 часот. Системот ќе се постави согласно Упатството за спроведување на задолжителни мерки и активност во основните училишта донесено од страна на МОН. Ова со цел да се заштитат терените од оштетување и несоодветни активности, дејствија на несовесни младинци и граѓани, кои се забележани за жал уште првата недела од пуштањето во употреба на овие реконструирани спортски игралишта.“, потврдуваа од Општина Битола.  

 

e21c4b11 c634 4bd1 97fd 9d84e8f530e9

 

Од Општината воедно ја известуваат јавноста дека – „Рефлекторите ќе бидат во функција секоја вечер до 23 часот во текот на месец август, а за начинот на функционирање после 1 септември ќе го дефинираме заедно со училиштето и за истото јавноста ќе биде известена. Уште еднаш упатуваме апел за соодветно и грижливо користење на овие спортски игралишта.“

Новите спортски терени во Битола беа пуштени во употреба претходната недела. Проектот кој го реализира локалната самоуправа, вклучуваше реконструкција на фудбалско игралиште на површина од 1484 м², игралиште за кошарка на површина од 151 м², за одбојка на 262 м², фитнес зона на 220 м² и патека за трчање на површина од 306 м². Со оваа инвестиција, Општина Битола се насочи кон создавање подобри услови за спортување и физички активности на најмладите, за што од општинскиот буџет беа издвоени  22.373.885 денари.

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани