2win800x200

Нема никаков упад , советниците да направат индивидуална конфигурација за најава на службените компјутери, соопштија од Општина Битола

Мај 27, 2022

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОПШТИНА БИТОЛА ВО ВРСКА СО СЛУЖБЕНИТЕ КОМПЈУТЕРИ НА СОВЕТНИЦИТЕ: 

Деновиве, од страна на некои советници од Советот на општина Битола, беа дадени изјави дека се врши некаков „упад“ во нивните службени преносни компјутери, набавени од Општина Битола. Имајќи предвид дека, станува збор за службени компјутери, изненадува фактот што советниците наместо да извршат консултација со стручните служби од одделението за ИТ во
општината и да побараат решавање на ситуацијата, на прес конференции изнесуваат сопствени тврдења и невистинити обвинувања. Единствена која побара решавање на проблемот од општинската администрација беше претседателката на Советот и истиот во нејзиниот случај успешно беше надминат.

За проблемите кај други советници, општината дозна од изјави дадени во медиумите. Сепак, за да се ослободат советниците од евентуални сомнежи за периодот кога службените компјутери ги користеле за работни цели, општината во врска со настанатата ситуација, веднаш побара одговор од економскиот оператор од кој се набавени компјутерите. Оттаму нагласуваат дека проблемот се должи на корисничката конфигурација која не е предмет на договорот, а во овој случај беше оставена на крајниот корисник -советниците, заради прилагодување од нивна страна согласно потребите за службени цели:


"Согласно барањата од тендерската документација испорачани се компјутери со инсталирани оперативни системи со фабричка конфигурација. Конфигурирањето не беше предмет на овој договор а и не може да биде предмет на договорот затоа што конфигурирањето го врши или администраторот или самиот корисник во зависност од конфигурацијата на Вашата мрежа, подетално, акаунтите за пристап ги изработува администраторот или корисникот. Проблемот кој се јавува е поврзан со корисничко (индивидуално) конфигурирање. Доколку уредите се користат во корпоративна (Domain) мрежа, конфигурирањето треба да се направи од администраторот. Доколклу уредите не се користат во корпоративна мрежа, за да се надмине
проблемот потребно е на секој уред да се креира единствен (windows) корисник кој ќе се користи исклучуво на тој уред", објаснува операторот.


Во случајот советничките преносни компјутери, не се користат во корпоративната мрежа на Општина Битола, туку се дадени на реверс кај советниците за индивидуална употреба. Според сознанијата на општинските служби, забуната (проблемот) настанала поради користење на стандардно зададените најави кај повеќе советници, и истата би се надминала со
индивидуална конфигурација на најава.

Општината, која е сопственик на уредите дадени на реверс кај советницитe и истите во секој момент може да ги побара од корисниците, не врши и незамисливо е да врши упад или било какви други незаконски дејствија во сопствените уреди. Поради тоа, ваквите обвинувања се целосно неосновани и несериозни. Општина Битола води максимална грижа и ќе ги преземе сите потребни мерки за понатамошно надминување на настаната ситуација, а службите од ИТ стојат на располагање за членовите на Советот, доколку имаат проблеми да се обратат кај нив, како примарен чекор за надминување на сите проблеми со ИТ уредите.

Имајќи предвид дека до денес, во општината не е донесен ниту еден преносен компјутер за согледување на проблемот од страна на одделението за ИТ, Општина Битола во соработка со надлежните институции,  ќе ги преземе сите мерки потребни за утврдување на состојбата и во периодот по преземањето на компјутерите од советниците, со цел објективно информирање на јавноста, спречување секаков вид злоупотреба, вклучувајќи и клевета и дезинформирање на јавноста.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани