АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Детскиот хор „Ѕвончиња“ под раководство на Марина Коруновска, вечерва во Офицерскиот дом во Битола го одржаа првиот концерт по 3 годишна пауза поради пандемијата. Концертот насловен „Од децата за децата“ што се одржа по повод Светскиот ден на детето, 1 јуни, а имаше и хуманитарен карактер.
-Имаме среќа, чест и задоволство што можевме да отпееме во оваа Палата на културата и овој концерт по пауза од 3 години да го одржиме во оваа прекрасна сала. Концертот е со хуманитарен карактер, затоа што Ѕвончињата се познати по хуманоста, а иницијативата беше да донираме за три девојчиња кои останаа без родителска грижа, рече Коруновска.
На концертот свои солистички настапи имаа повеќе деца, членови во детскиот хор Ѕвончиња, а сите заедно отпејаа повеќе песни, меѓу кои Детската химна на Битола, а исто така на крајот преку песна упатија порака за мир во светот.
-Секогаш ги избираме песните кои носат пораки на мир и љубов. Ја испеавме песната Деца божји која беше изведена на еден од детските фестивали СИ ДО напишана од нашите битолчани Миодраг Нечак и Валентин Соклевски. Концертот се вика од Децата за децата, ја пренесовме пораката дека овие деца сакаат мир, љубов, среќа и песна, рече Марина Коруновска