АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Прекрасната атмосфера што владееше синоќа во Центраот за култура во Битола продолжи и по концертот на големиот македонски шоумен, музичар и актер Игор Џамбазов, откако во фоајето младо момче пред присутните ја запроси својата девојка клекнувајќи на колена и давајќи и прстен. Девојката му рече „да“ на својот избраник по што се прегрнаа, а следуваше аплауз од гостите во Центарот. Додека ѝ го давашѓе прстенот , момчето во рацета го држеше и ЦД –то на Џамбазов. Ова се случи пред очите на музичкиот гостин кој беше навистина пријатно изненаден и им честита на младите. Имињата на среќниот пар не ги знаеме, а овој прекрасен момент со својот фотоапарат го улови неуморниот фотограф Диоген Хаџи-Коста Милевски.
Инаку Џамбазов приреди одличен концерт во Центарот на културата во Битола полнејќи ја салата до последно место. Музичкиот настан беше наречен „Најдоброто од Игор Џамбазов“, а на сцената го придружуваше и неговиот блуз-соборец Гуру Харе со својот бенд. Игор ги неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“ како и материјалот од новиот албум „Првите триесет“.
Ж.З.