2win800x200

ОТВОРАЊЕ НА „БИТ ФЕСТ 2022“ СО КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА ГОЧЕВА

Јуни 11, 2022

На 19.06 во недела, започнува 14 издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ 2022“.

-Оваа година, Општина Битола, посветува посебно внимание на поддршка и промоција на македонската културна сцена, традиционалните манифестации и содржини и висококвалитетните филмски, театарски  и други сценски уметности, кои ќе овозможат квалитетни културни настани и активен културен живот во Битола, за сите генерации, во текот на целото лето, информираат од Општина Битола.

Свеченото отворање на новото издание на БИТ ФЕСТ 2022, со нов концепт и многу културно – уметнички содржини започнува од Античкиот театар Хераклеја Линкестис, со концерт на еден од најдобрите македонски женски вокали, македонската поп дива, нашата битолчанка Каролина Гочева.

-Не пропуштајте да бидете заедно со Каролина и безвременските песни од целата нејзина музичка кариера, повикуваат од битолската локална самоуправа.

Билетите за концертот, по цена од 200 денари, ќе бидат пуштени во продажба од вторник 14 јуни во Офицерскиот дом во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани