АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заедно ќе успееме да ја пребродиме најголемата економска и енергетска криза бидејќи СДСМ е државотворна и одговорна партија, порача претседателот на битолскиот огранок на СДСМ во Битола, Драган Крајовски на денешната трибина посветена на енергетиката.
“Пакетот од 26 мерки вредни 400 милиони евра даде резултат и опфати повеќе сегменти. Еден е намалување на даночните и акцизните приходи за државата, вториот дел директни финансиски трансфери до најзагрозените граѓани во државата, третиот - преку обезбедување финансиски средства за одржување на ликвидноста на компаниите и четвртиот субвенционирање на цената на струјата за сите граѓани. Владата реагираше веднаш на почетокот на енергетската криза, кога го намали ДДВ на електрична енергија и изврши субвенционирање на 80% на сметките на граѓаните”, потсети Крајовски.
Кризната состојба во снабдувањето со струја што ја прогласи владата формално заврши, но тоа апсолутно не значи опуштање за капацитетите кои треба добро да се подготват уште од сега за претстојната грејна сезона, рече претседателот на комисијата за енергетика при СДСМ Битола и директор на РЕК Битола, Пеце Матевски.
“АД ЕСМ и РЕК Битола во оваа енерегетска криза во која се наоѓаме одговорија на единствениот начин кој се бараше од нив – со стабилно производство на струја. Во РЕК Битола производството не само што е стабилно, туку е и зголемено за 23 % во споредба со истиот период лани, иако комбинатот работи со два наместо со три блока.Овие резултатите се уште позначајни ако се има предвид дека РЕК Битола годинава слави 40 години од отворањето. Постројките се амортизирани, а човечките ресурси со кои располагаме секојдневно се ситнат. За две три години од комбинатот се пензионирани околу 800 наши работници, што претставува дополнителен предизвик за непречена работа. Затоа вечерва упатуваме и порака дека РЕК Битола е стабилен, ќе биде стабилен и ќе остане столбот на македонскиот електроенергетски систем. Како што е подновен со машини, како што се подновува постојано со ремонти и нега на сите постројки, така се надевам наскоро ќе биде обновен и со нови вработувања”, порача Матевски.
На трибината се обратија и Љубчо Кижевски, член на комисијата за енергетика на СДСМ и Љупчо Стојановски, претседател на комисијата за заштита на животната средина на СДСМ Битола, кои се осврнаа состојбите во Државните електрани и проектите за заштита на животната средина како дел од т.н. трансформација кон чиста енергија.