2win800x200

Се асфалтира улицата „Македонска фаланга“ поранешна „Иво Лола Рибар“

Јули 02, 2022

Градежните активности за реконструкција на улицата „Македонска фаланга“, влегуваат во завршна фаза.

За време на денешното асфалтирање на улицата, увид на работата на терен изврши градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој информираше за комплетното уредување на овој простор, кое се реализира преку проектот за реконструкција на ул.„Македонска фаланга“ и вклучува промена на канализационата мрежа на улицата, решавање на проблемот со атмосферските води, асфалтирање, поплочување на тротоарите со гранитни плочки и ново улично осветлување.

Реконструкцијата на улицта започна во јуни  2021 година, за време на претходната локална власт

https://apla.mk/vilaet/item/7797-rekonstrukcija-na-ulicata-makedonska-falanga

Улицата „Македонска фаланга“ е 11 та улица која се финализирана оваа градежна сезона, како дел од проектот на градоначалникот Тони Коњановски за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“ во 2022 година.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани