2win800x200

Во Офицерски ќе биде поставена изложбата "Современата уметност во Битола"

Јули 06, 2022

На 13 јули во Офицерскиот дом во Битола ќе биде поставена ликовната  изложба „Современата уметност во Битола“,  која  претставува  пресек на автори и дела поврзани со Битола.

На изложбата беа поканети да учествуваат со свои дела уметниците кои работат и творат во Битола, ченовите на ДЛУБ , уметниците кои се родени или потекнуваат од Битола и околината, но и оние кои живееле и работеле на овие простори и своите дела ги инспирале од пределите, луѓето и настаните во овој град, како и наследниците на уметниците кои веќе не се помеѓу нас, но како завештание ги чуваат нивните дела.

-Сите тие луѓе, уметници и творци ги отстапија делата на уметниците чије име продефилирало во градот и оставило трајни ликовни вредности и на тој начин придонесоа денес да ја имаме оваа изложба. Голема е благодарноста и до приватните колекционери на ликовни дела, кои покажаа несебичност и доблест, да ги одстапат делата кои се во нивна соопственост како би биле застапени сите значајни ликовни автори, велат од Културно информативниот центар во Битола,

Со оваа изложба, која е закажана за 13 јули во 20 часот,  за прв пат се промовира и галерискиот простор во битолскиот Офицерски дом.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани