2win800x200

И попладнево услови за невреме

Јули 06, 2022

Времето денес (06.07.2022 год.): Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Mаксималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ = 8  

 
 
Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 20 Скопје-Зајчев Рид, 19 Берово, 17 Тетово, 14 Битола, Прилеп, 9 Крива Паланка, 8 Штип, 7 Ѓуриште, 3 Д.Капија, Гевгелија, 1 Скопје-Петровец, Крушево.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
 
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на влажен бран во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 л/м2) и значителен пад на температурата. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, а од понеделник ќе биде постабилно со постепен пораст на дневните температури.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани