2win800x200

При претрес во Битола пронајдена дрога, приведен дилер

Јули 16, 2022
На 16.07.2022 во Битола, по претходно добиени оперативни сознанија, од страна на  полициски службеници од Полициска станица Битола во координација со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола лишен е од слобода З. С.(25) од Битола.
 
При извршен претрес во изнајмен апартман во Битола, кој пријавениот неколку месеци наназад го користел за обработка, пакување  и продажба на дрога на наркозависници од Битола, пронајдена е марихуана и дигитална вага. 
 
З. С. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани