2win800x200

Владата го задолжи АД ЕСМ да основа друштво и за топловодот за Битола, Новаци и Могила

Јули 21, 2022

Владата на вчерашната седница го задолжи АД ЕСМ – Скопје да основа три трговски друштва со ограничена одговорност што ќе вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје. Електростопанство на Северна Македонија ќе биде основач и единствен содружник на друштвата, а ваквиот чекор следи откако Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) ги одзеде трите лиценци на компанијата БЕГ за производство, диструбуција и снабдување со топлинска енергија.

„Новооснованите друштва основани од АД ЕСМ – Скопје кои ќе вршат енергетски дејности на подрачјето на Град Скопје се задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга која ја спроведува Владата“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Владата го задолжи АД ЕСМ да спроведе и постапка за основање на Друштво со ограничена одговорност за вршење енергетска дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на градот Битола, Новаци и Могила, чиј основач и единствен содружник ќе биде ЕСМ-Скопје.

По одземањето на лиценците на БЕГ од РКЕВУ, Законот за енергетика вели дека Владата на РСМ ќе треба да го распише јавниот повик за избор на нова компанија што ќе ги дава услугите за кои досега беше задолжен БЕГ, на кој веќе е сигурно дека ќе се јави АД ЕСМ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани