2win800x200

Апел да не се пука со огнено оружје на свадби и да не се прават неовластено огномети

Јули 28, 2022

 

Битолската полиција соопшти дека пукањето со огнено оружје на свадби и неовластено организирање огномети зачестија во последно време при свадби и други прослави. Полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од вакви активности. На терен се преземаат интензивни мерки за контрола и превенција. Присуството на полициските службеници ќе бидат зачестено и ќе вршат контроли за откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.

„Преупредуваме дека неовластеното пукање на семејни веселби може да биде санкционирано како прекршок  и да биде кривично дело. Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело предизвикување општа опасност, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години“, соопштија од СВР Битола.  

Свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полиција. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.

Ж.ЗДРАВКОВСКА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани