АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Експедиција во состав Благојче Караколев, Тони Лозановски, Никола Петровски, Горан Дамевски сите од Битола искачија 3 врвови над 4000м на Алпите во Италија. Искачени -
Zumsteinspitze 4563m(Monte Rosa) (13.08.2022)
-Capanna Margherite(Signalcuppe) 4554m(Monte Rosa)(13.08.2022)
Вкупно одење-враќање - 12 часа 22км
-Gran Paradiso 4061m(10.08.2022)
Вкупно одење-враќање - 14 часа 20км
Првичен план беше искачување на Gran Paradiso 4061m во Италија со спиење во домот Rifugio Vittorio Emanuele II на висина од 2735 м и Mont Blanc 4810m во Франција, но поради голем одрон на кулоарот на Mont Blanc, нормалната рута до домот Du gouter и самиот врв Mont Blanc, беше и е забранета од планинарската федерација на Франција и властите во Chamonix, па алпската експеција беше донесена во прашање, но во многу краткот рок од неколку часови, беше направена реорганизација на експедицијата, па покрај искачување на Gran Paradiso 4061m во Италија со спиење во домот Rifugio Vittorio Emanuele II на висина од 2735m, се донесе заедничка одлука на тимот за искачување и на врвовите Zumsteinspitze 4563m(Monte Rosa) Capanna Margherite(Signalcuppe) 4554m(Monte Rosa)(13.08.2022) со спиење во домот Rifugio Gnifetti на висина од 3647м. За цело време траење на експедицијата, истата беше подржана од Пеце Стојаноски сопственик на Hardcore shop Битола, и сопственик и застапник на брендот Hardcore-продавница за здрава храна и суплементи за спортисти во форма на fuel support- енергетска храна. За времетраењето на експедицијата временската прогноза беше професионална пратена од експертот Глигор Митковски професионален метеоролог, со значајно искуство во планинарската метеорологија па во таа насока истиот има голема заслуга за реализација на оваа експедиција, сооглед да временските услови на Алпите се многу променливи.