2win800x200

Со музичка и видео разгледница израелскиот град Бат Јам се претстави пред битолчани

Август 17, 2022

Синоќа во Офицерскиот дом во Битола, како што беше најавено на средбата помеѓу градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и заменик градоначалникот на Бат Јам, Ури Бускила,се одржа настанот „Бат Јам – ќерката на морето“, своевидна музичка и видео разгледница, преку која беше претставен израелскиот град Бат Јам, во изведба на гостите од Израел.

Пред присутните се обратија градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и заменик градоначалникот на Бат Јам, Ури Бускила. Тие уште еднаш ја потенцираа заедничката заложба за продлабичување на соработката  помеѓу двата градови и целта да ги зајакнат мостовите на заедништво и соработка на повеќе полиња.

Бат Јам е медитерански град, во кој живеат битолски и македонски семејства кои се доселиле во градот во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Меѓу нив е и семејството на д-р Хаим Абраванел. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани