АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈКП Нискоградба Битола заедно со екипи од ЈКП Комуналец и ЈКП Водовод, ги започнаа теренските активности за изградба на новиот градски парк во населбата Довлеџик во Битола. Машините с ена терен и се почне со расчистување на просторот, информираат од Нискоградба.
Што се однесува до чистењето на коритото на реката Драгор тоа ќе биде одложено на кус период поради временските прилики.
-Поради лошата хидролошка состојба која се очекува во текот на оваа недела, чистењето на реката Драгор ќе се реализира со мало задоцнување. Потсетуваме дека минатата година, коритото на реката Драгор не беше исчистено, велат од Нискоградба Битола .