2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден загина Славко Лумбарковски, учесник во НОБ

Септември 01, 2022

На денешен ден, 1 септември 1944

Во Кичево загина Славко ЛУМБАРКОВСКИ припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е во Битола, на 30 март 1922 г. Основно и средно образование учеше во родниот град. Уште тогаш стана приврзаник на напредното комунистичко движење и член на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ. Образованието го продолжи во Србија, односно на Правниот факултет во Белград и на Земјоделскиот факултет во Земун. Беше учесник во антиокупаторското движење од окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија. Кратко време замина на студии во бугарскиот главен град Софија. Во 1942 г. беше уапсен, физички измачуван и одведен во интернација во градот Ксанти, Тракија. По враќањето од интернација во 1943 г. замина во единиците на НОВ и ПОМ. Загина при нападот на Кичево, како заменик на политичкиот комесар на Првата македонска народноослободителна бригада.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани