АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се реставрира и ревитализра џамијата „Коџа Кади“, лоцирана во близина на Дрвен Пазар, како и Ханот и и деловните простории кои се дел од комплексот џамија „Хаџи Махмуд-Бег“, која се наоѓа кај Рибарниците и беше разрушена во земјотресот во 1994 година. Ова се два исклучително значајни обејкта од отоманскиот период во Битола кои претставуваат извнредно богатство на исламската култура на целиот Балкан.
По тој повод, вчера, во седиштето на Битолското Муфтиство, беа потпишани протоколите за работа, а на свеченоста присуствуваа домаќинот, Битолскиот Муфтија Х. Хамит еф. Расими со неговите соработници, г. Дритон Дикена, Директор на Секторот на Вакаф при ИВЗ, г.Низам Решит, одговорен за односи со Република Турција. , претставници на Генералниот директорат за Вакаф на Република Турција.
Протоколите се потпишаа од страна на Директорот на Управата за Вакаф г-дин Бурхан Ерсој и Реисул Улема на ИВЗ, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи.
Поглаварот на ИВЗ на РСМ, Реисул Улема Х.Хфз. Шаќир еф. Фетаи во име на ИВЗ и на сите муслимански верници изрази благодарност за оваа голема донација на оваа Дирекција.
Беше направен и увид во текот на работите за реставрација на џамијата „Хаџи Махмуд-Бег“, чија убавина доача до полн израз.
Во оваа прилика, Реисул Улема изрази благодарност до Битолскиот Муфтија за одличното менаџирање на работите воопшто, особено за протоколите потпишани денеска во седиштето на Муфтиството и континуираната поддршка на ИВЗ.