АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денес, на 1 септември, во основно училиште “Коле Канински“, на почетокот на новата учебна година, реализираа превентивни активности– “Безбедно во сообраќајот“ и “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.
При спроведувањето на активностите, на кои присуствуваа и претседателката на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска и претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот Сузана Елковска, беше поделен печатен едукативно-информативен материјал на првоодделенците. Покрај ова, беа презентирани основните правила и прописи во сообраќајот заради осигурување на безбедноста на децата. Особено во поглед на тоа како да ја поминуваат улицата, исклучиво на обележан пешачки премин, да не претрчуваат преку улица и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.
Покрај тоа, СВР Битола го засили присуството на полициски службеници во близина на сите училиштата како во Битола така и на подрачјето на целиот Сектор, за да им помагаат на првоодделенците при преминување на улиците на обележаните пешачки премини. Исто така, со почетокот на новата учебна година дополнително ќе бидат засилени контролите на автобуси и комбиња со кои учениците од училиштата секојдневно се превезуваат, како од основните, така и од средните училишта. СВР Битола апелира до сопствениците на превозни средства и до оние кои ги управуваат, на време да ја проверат техничката исправност, да ги отстранат евентуалните недостатоци и исклучиво да ги управуваат лица со положен возачки испит и валидни возачки дозволи. Секој недостаток ќе биде санкциониран, а возилата ќе се исклучуваат од сообраќај.
Им го честитаме почетокот на новата учебна година на сите ученици, а особено на првачињата, посакувајќи им среќни и безбедни училишни денови .