2win800x200

Вечерва отворање на 10-то јубилејно издание на изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА

Септември 12, 2022
 

Вечерва во 20:00 часот во фоајето на Центар за култура Битола свечено ќе биде отворена изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА. Реализацијата на изложбата е во организација на ЦЕРИ Битола во соработка со НУ Центар за култура Битола, со поддршка на  Министерство за култура, Општина Битола  преку Бит Фест  и Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Во рамките на јубилејната изложба ќе бидат изложени 54 фотографии, од кои 27 се во рамките на десеттото издание, а останатите се ретроспектива на наградените фотографии од претходните девет години.

Со Љубов од Битола – Ода за нашата Битола низ фотографии

На овогодинешниот конкурс свои фотографии ни испратија 32 фотографи. Пристигнаа околу 90 фотографии, кои се сведоштво за архитектонските симболи на Битола. Стручното жири годинава го сочинуваа Роберт Јанкулоски, Весна Каревска –Пукич и Симона Калица, кои  ја имаа задачата да селектираат двасеттина фотографии, од кои три фотографии ги наградија со прво, второ и трето место.

Сите пристигнати фотографии ќе бидат дел од дигиталната изложба во рамките на изложбениот простор.

„Времето е четвртата димензија која единствено се мери преку фотографијата. Архитектонските симболи на еден град се сведоштво за начинот на кој луѓето го минуваат својот живот и нештата кои ги оставаат зад себе, а фотографите се тие кои ловејќи ја светлината создаваат визуелно сведоштво за тоа што е сега и овде, и се ризницата која го чува споменот за она што било и што веќе не е. Со Љубов од Битола  е ризница од преку 1000 фотографии за тоа како се менува Битола во изминатите 10 години и како битолчани го живеат својот живот.“

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани