2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

80 години од убиството на народниот херој Стив Наумов

Септември 12, 2022

На денешен ден ,12 септември 1942

Од бугарската фашистичка окупаторска полиција е убиен Стеван НАУМОВ-Стив, истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е во  Битола, на 27 октомври 1920 година. Неговото семејство води потекло од селото Битуша, Леринско, Егејски дел на Македонија. Заврши гимназија во Битола, а потоа студираше на Техничкиот факултет во Белград, каде што е примен за член на СКОЈ и на КПЈ. Во Белград повеќе пати е апсен, а по враќањето во Битола е избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ. Од таа позиција разви жива активност за формирање на партиски ќелии и привлекување на нови членови, а таа неговата активност особено имаше резултати во битолското претпријатие за преработка на тутун познато како „Монопол“. По Априлската војна 1941 г. работи на прибирање на оружје, муниција и друг воен материјал и на организирање на оруженото востание против бугарскиот окупатор. Се спротистави на решението на Методија Шаторов-Шарло за поврзување на македонската партиска организација со БКП и непреземање на вооружени акции. Сосема рано од периодот на окупацијата, во јули 1941 г., премина во илегалност. Ја осмисли и организира т.н. Илинденска демонстрација во Битола на 2 август 1941 г. Го организира и раководи формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“ во април 1942 г. На 6 мај 1942 г. во Битола го уби полицискиот бугарски началник Александар Ќурчиев. Во јуни 1942 г. стана член и политички комесар на Оперативниот штаб на Народноослободителните и партизански одреди на Македонија. Непосредно учествува во формирањето на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ на 6 јули 1942 г. над ресенското село Златари. Ја раководи и учествува во нападот на овој одред на полициската станица во село Кажани, Битолско, на 18-19 август 1942 г. Загина кај селото Болно, Ресенско, во борба со бугарската полиција, заедно со народниот херој Мите Богоевски. Бугарската полиција овие македонски патриоти првин ги погреба во два гроба, потоа ги откопа и ги пренесе кај селската црква, а од тука, потајно, ги однесе кај селото Ѓавато и ги запалиле со бензин. Нивните гробови до денес не е познато каде се наоѓаат. Прогласен е за народен херој на Југославија на 29 јуни 1945 г.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани