АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на Црвениот крст на Македонија, во соработка со општинската организација на Црвениот крст и општина Битола, денес се одржа Конвенција по прва помош на која учествуваа општинските организации на Црвениот крст од целата држава. На настанот кој се реализираше по повод Светскиот ден по прва помош, беа промовирани културата и традицијата на општините учеснички во активностите, а беа претставени и показни и симулациски вежби по прва помош на 14 локации, од Саат кулата до Офицерскиот дом. Граѓаните имаа можност да се едуцираат за прва помош при спасување на живот, белодробно оживување, прва помош на скршеници, помош при епилептични напади.
Присутните гости и градоначалници од другите општини, ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласувајќи ја важноста на ваквите активности за брза и соодветна реакција во ситуациите во кои може да биде загрозен човечкиот живот. Градоначалникот Коњановски, истакна дека на овој начин се зајакнува и унапредува добрата соработка на локалната самоуправа со општинската организација на Црвениот крст, со која општината реализира повеќе проекти во интерес на граѓаните, кои се однесуваат на различни програми од здравствено – превентивен, социјално – хуманитарен и едукативен карактер.