АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Расфрлана облека пред контејнерот на Црвениот крст во Битола е секојдневна слика за битолчани. Кој е повеќе виновен за ваквата ситуација дали „хуманите “ граѓани кои најлоните со износена облека ги оставаат пред контејнерот наместо да ги стават внатре или пак оние што своеволно пребираат низ облеката тешко е да се разграничи, велат станарите од околните згради.
Граѓани велат дека сликата од нашата фотографија трае не со денови и месеци туку неколку години назад и дека крајно време е да се смени ситуација затоа што е грда слика за градот.
Со прием на донации во облека и дистрибуцијата на истата до оние на кои им е најпотребна Црвениот крст од Битола почна во 2013 година , кога на ниво на државата во неколку градови беа поставени контејнери за донирање на облека .
Според веб страната на Црвениот крст на Македонија на годишно ниво се собираат повеќе од 4 тони облека кои во континуитет се селектираат од страна на волонтери и жени од социјално загрозени семејства, а потоа се дистрибуираат до крајните корисници (институции, семејства и поединци).