2win800x200

Средба на градоначалникот Коњановски и ректорот на УКЛО Неделковски

Октомври 07, 2022

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше работна средба со новиот ректор на битолскиот универзитет, проф. Д-р Игор Неделковски.

На работниот состанок на кој учествуваа и секретарот на oпштината, Борче Димитровски и претседателката на Универзитетското Студентско Собрание при УКЛО, Симона Наумовска, којашто воедно е член во Локалниот младински совет, беа разгледани можностите за унапредување на взаемната соработка, помеѓу општината и универзитетот. 

Соговорниците се сложија  за реактуелизирање на летната студентска пракса во општината, взаемна соработка во уредувањето на просторот околу единиците на универзитетот, како и можноста за реализација на иницијативите на Универзитетското Студентско Собрание при УКЛО.

Воедно, со посебен интерес е пристапено кон идејата дипломски, магистерски и докторски трудови на дел од студентите од УКЛО да се изработуваат на теми поврзани со актулни, општинско - комунални проблеми  и прашања, за кои УКЛО ќе нуди современи академски и применливи решенија. На овој начин, младите ќе имаат дополнителна можност за активно учество во изготвувањето на решенија за прашањата и предизвиците со кои се соочува општината.

Општина Битола и Универзитетот „Св. Климент Охриски“ – Битола, веќе имаат потпишан Меморандум за соработка.  Со најновото определување на приоритетите на взаемната соработка коишто се од заеднички интерес, се очекува УКЛО да помогне во зајакнување на административниот и стопанскиот сектор во Битола, и од друга страна, со сè поголемата вклученост на студентите во општината да се градат политики насочени кон подобри услови и поквалитетен живот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани