2win800x200

Собир на библиотекари од битолскиот Универзитет во Библиотеката

Октомври 12, 2022

Во библиотеката „Св. Климент Охридски“- Битола  денеска ќе се одржи Вториот  Собир на факултетските библиотекари од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на тема „Библиотечната дејност на факултетските библиотеки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

 
Собирот ќе биде отворен со воведно предавање на еминентен гостин од библиотека „Стефан Првовенчани“ од Краљево Р. Србија, библиотекар советник Драгана Типсаревиќ. 
 
На Собирот ќе бидат присутни библиотекари од училишните библиотеки, а предавањето е отворено и за сите заинтересирани.
 
Драгана Типсаревиќ, библиотекар консултант и советник и долгогодишен директор на Библиотека „Стефан Првовенчани“од Краљево  е  добитник на сите престижни награди од областа на библиотечното работење во Р. Србија за имплементација и реализација  на значајни библиотечни програми во државата и пошироко, какао и за реконструкција на зградата на Библиотеката од Краљево. 
 
За своите заслуги е носител на Националната награда во областа на библиотекарство во Р. Србија.
 
Библиотекарите од факултетските библиотеки ќе имаат прилика да разменат искуства и да работат на примена на стратегија за развој на библиотечната дејност на Универзитетот во Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани