Петтоодделенците од ОУ "Климент Охридски" во посета на Сојузот на борци

Октомври 21, 2022
Денес во посета на СБМ-Битола беше генерацијата од петто одделение на ООУ„Св.Климент Охридски“-Битола со своите одделенски наставници Снежана Стојанова, Ана Здравкова, Сузана Дишковска, Елица Митревска и Александар Степановски.
Учениците се запознаа со работењето на организацијата и некои историски настани од НОБ. Потоа полагаа цвеќе пред споменикот на Стив Наумов каде претседателот Стефан Бошков ги запозна со животот и делото на херојот. Исто така, ги посетија и останатите спомен-бисти на Шеталиштето каде положија цвеќе и цртаа слики од историски настани.
FB IMG 1666358355030
 
Претседателот на СБМ-Битола, другарот Стефан Бошков и директорот на ООУ „Св.Климент Охрдиски“ - Битола, г-дин Предраг Созовски потпишаа меморандум за идна соработка.
 
FB IMG 1666358380653
 
СБМ-Битола изразува големо задоволство за активностите на наставниците и учениците од ова училиште во зачувување и продолжување на почитувањето на традициите од НОАВМ.
 
FB IMG 1666358406936
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани