АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрална изјава на советничката во Советот на Општина Битола, Мирјана Захариевска Ралевска:
Постојат сериозни индиции за незаконско работење на Пеце Милевски во Водовод!
Заслепени од желбата да ги намалат сметките за струја, да го изиграат системот и законските процедури, веројатно со цел парите да ги наменат за лични или партиски интереси, директорот на Водовод, Пеце Милевски и неговиот тим го доведоа Водовод на работ на опстанок, загрозувајќи го снабдувањето со вода на Битола.
Броилата кои се водеа на име на Водовод, а ја мереа потрошената струја на пумпите кои обезбедуваат нормално водоснабдување на битолчани, префлени се од сопственост на Водовод во сопственост на фирмата Хидро енерго проект, фирма – ќерка на Водовод за произодство на струја.
Наместо како вистински менаџер, да се обиде да најде законски механизми за намалување на трошоците и оптимизација на работата на Водовод, Милевски изгледа посегнал по единственото нешто што го знаат во ДПМНЕ – прекршување на законите.
До директорот Пеце Милевски испративме Барање за информации од јавен карактер за да ги потврдиме сомнежите за случувањата во Водовод, но наместо одговори добивме политички памфлет. Затоа, сега јавно го прашуваме:
Зошто броилата се префлени од Водовод на ХЕП?
Врз основа на кој документ е направена е оваа промена?
На кој начин Водовод и покрај тоа што се откажал од броилата за струја и понатаму ги плаќа сметките за струја, ама сега на својата ќерка фирма ХЕП?
Со овие постапки, Милевски не го загрозил само снабдувањето со вода на Битола, туку и директно го оштетил Водовод.
Без трошоците за струја во сметководството, Водовод не ќе може да го добие повратокот на пари од државата со што директно се прави штета на буџетот на претпријатието.
Го повикуваме градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Советот на Општина, Габриела Илиевски веднаш и без одлагање да формираат комисија која ќе направи увид во работењето на Водовод.
Исто така, ги повикуваме надлежните институции да ги утврдат сите прекршувања на законите и процедурите во Водовод и да ги преземат сите неопходни мерки за спас на претпријатието.
Водовод 90 години е од витално значење за Битола и не нема да молчиме пред некој кој си поигрува со неговата судбина! .