2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ВО МОДА СЕ ВРАЌААТ ПОШТЕНСКИТЕ КАРТИЧКИ, НО СО УМЕТНИЧКИ ТВОРБИ

Јуни 25, 2018

Испраќањето на картички по пошта се враќа во мода барем кога се во прашање уметниците. Доказ за тоа е изложбата на поштенски мејл арт картички пред Офицерскиот дом во Битола со која започна 17 издание на фестивалот „Битола отворен град“ во организација на МКЦ –Битола.

 

„Станува збор за уметничка кореспонденција по пошта. Уметниците од целиот свет создаваат уметнички дела на картички со димензии да може да се испратат и по мејл, но сепак, картичките да бидат и со димензии за да се стават во плик и се праќаат единствно по пошта. Така комуницираат меѓу себе многу уметници и другите љубители на уметноста ширум светот“, рече Маја Ангеловска од МКЦ.

Во Битола изложени се 60 уметнички картички од уметници од 25 земји од светот, и тоа од Турција, Бразил, Португалија, Италија, Шпанија, Германија, Црна Гора и други. Ваквата уметничка комуникација се разликува од структурите на комерцијалниот пазар на уметност и традиционалните локации и институции за култура , како што се галериите и музеите. Ова е естеткса комуникација и интеракција и се одвива на тој начин што уметниците ги ипраќаат своите уметнички дела по пошта до личност по свој избор. Лицето кое ја добило уметничката картичка има целосна слобода да избере дали ќе одговори. На овој начин повторно во мода се враќа допишувањето по пошта, но овој пат тоа освен целта преку него да комунициираат луѓето, ја шири и уметноста.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани