АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во четврток на 28 јуни ќе се спроведе вториот уписен рок за учениците во средните училишта каде останаа слободни места по првиот упис кој беше на 18 и 19 јуни.
Според конкурсот што го објави Министерството за образование, за првпат годинава запишувањата на деветтоделенците ќе заврши во јуни и нема да има уписи во август.
И пријавувањето и запишувањето во прва година во средните училишта каде останаа слободни места ќе биде на 28 јуни, а резултатите од запишувањето ќе се објават на 29 јуни.
На 23 август ќе има уписен рок само за учениците кои биле упатни на поправен испит.
Во битолските средни училишта во првиот уписен рок комплетно се пополнети гиманзиските паралелки во СОУ „Јосип Броз Тито“ и во профилот медициснка сестра во медицинското училиште „Др. Јован Калаузи“.
Во останатите средни училишта во градот има слободни места.