2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ манипулира со граѓаните

Ноември 18, 2022
 
Во услови кога Општина Битола е во завршна фаза на реализација на еден од најголемите проекти во подобрување на патната инфраструктура, СДС повторно покажува незнаење и желба за манипулација со граѓаните, надевајќи се на заработка на партиски поени, преку ширење лаги и клевети.
 
Проектот „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“ кој го реализира општина Битола, значи реално подобрување на патната инфраструктура во должина од над 12 километри и тоа на места каде со децении или никогаш не било интервенирано.
 
За жал на Битола, СДС тоа не успеа да го направи во 4 години.
 
Сега, гледајќи дека работните активности и на патот за село Брусник се во завршна фаза, се обидуваат пред граѓаните да претстават некоја своја загриженост, за потоа да продолжат да лажат дека под нивни притисок, проектот е завршен.
Почитувани од СДС,
Работите на патот за село Брусник се пролонгирани заради големиот интерес на жителите за поставување приклучоци до своите објекти, за кои 4 години, не се загриживте што во 21 век немаат канализација. 
Можеби не ја направивте затоа што очигледно не го познавате ниту законот за снабдување со води и одведување на отпадни води?
Оваа локална самоуправа, не само што ги познава законите, туку точно знае што е одговорно и посветено работење за Битола.
Токму затоа, како и што беше најавено, следната недела продолжуваат работите на последната фаза од реконструкцијата на патот за Брусник, а селото за првпат ќе добие канализација и реконструиран локален пат во должина од 1400 метри.
Промените во Битола, значат проекти кои се реализираат. 
Почитувани од СДС, ако не научивте од казната на граѓаните, потрудете се да научите како за една година се подготвуваат 65 проекти, а подгответе се и доблесно да ја прифатите нивната реализација и да признаете дека за работата говорат резултатите.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани