Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија на влажни бранови.
Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет.
Утре ќе биде релативно топло со сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места.
Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд (над 40 л/м2) и појава на грмежи.
Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
Од понеделник температурите ќе бидат пониски и на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег.
Извор: УХМР